Лацио не запира, во десеттото коло ја оствари деветтата победа

Фудбалерите на Лацио продолжуваат со одличните игри во Серија А сезонава и на најдобар можен начин го искористија поразот на Интер во градското дерби против Милан.

„Лацијалите“ на „Олимпико“ со 2:1 го совладаа Калјари и ја забележаа деветтата победа во десеттиот натпревар во Серија А.

Лацио сега сам е лидер на табелата со 28 освоени бодови, три повеќе од Интер.

 

 

Херој на „лацијалите“ беше Андреа Пинамонти кој голот вреден три бода и шеста победа во низа го постигна во 83-та минута.

Во првото полувреме, Калјари преку Нзола во 20-та минута го отвори резултатот, но Исаксен во 36-та минута погоди за 1:1.
Во следното коло, Лацио го очекува тешко гостување во Неапол каде ќе игра против Наполи.

Со добри игри сезонава продолжува и Фросиноне кој пред своите гледачи со 2:0 беше подобар од Торино.

Шестата победа сезонава на Фросиноне му ја обезбедија Алжирецот Фарис Гедјемис со голот во 48-та минута и Џакомо Кало кој победата ја потврди во судиското продолжение. По десет кола, Фросиноне се наоѓа на шестото место на табелата со 20 освоени бодови, осум помалку од лидерот Лацио.

Се вчитува...