Фудбалерите на Реал Мадрид ја оправдаа фаворитската улога на гостувањето кај Расинг и ја забележаа четвртата победа во низа во Ла Лига. „Кралевите“ со 3:0 го совладаа Расинг Сантандер, а работата ја завршија уште во првото полувреме.
Резултатот го отвори Килијан Мбапе во 11-та минута од белата точка. Голот може да го видите ТУКА.
Десет минути подоцна, Џуд Белингам зголеми на 2:0 и на најдобар можен начин на круниса одличната контра. Голот може да го видите на овој ЛИНК.
Најскапото засилување во историјата на Реал Мадрид, Јан Диоманде продолжува со одличните игри и во 36-та минута постигна прекрасен гол со удар од 20-тина метри. Голот може да го видите ТУКА.
По 11 кола, Реал Мадрид е третопласиран со 27 освоени бодови, три помалку од лидерот Барселона и еден помалку од Атлетико Мадрид кој е втор, додека Расинг е 16-ти со 11 бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
