Го направи Алкараз шампион, па сега ќе го тренира Шелтон

Шпанецот Хуан Карлос Фереро, од идната година ќе го тренира американскиот тенисер Бен Шелтон, објави „Тајмс“.

Бен Шелтон моментно е четврти тенисер на АТП ранг-листата и се надева дека со Фереро како тренер ќе дојде до грендслем трофеј.

Американецот сезонава освои четири титули, играше во финалето на УС Опен, а веќе обезбеди пласман на завршниот АТП турнир кој ќе се игра во Торино.

Хуан Карлос Фереро од 2019 до 2025 година беше тренер на Карлос Алкараз и заедно освоија шест грендслем титули, а младиот Шпанец дојде и до првото место на АТП ранг-листата.

 

 

Се вчитува...