Алкараз лесно го реши Де Минор за триумф во Виена

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, е победник на турнирот во Виена, откако во финалето за 90 минути игра и во два сета со 6:1,6:4, беше подобар од Алекс де Минор кој синоќа направи подвиг во полуфиналето со победата над Александер Зверев.

Заморот од победата над Зверев беше очигледен во првиот сет кој Алкараз го доби со убедливи 6:1.

Во вториот сет, одлучувачки се покажа последниот десетти гем во кој Алкараз ја искористи првата меч топка и за триумф од 6:4.

Се вчитува...