Шкендија дојде до победа на гостувањето против Брегалница во Штип во 12. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Лидерот триумфираше со 1-2 благодарение на голот на Марко Ѓорѓиевски во второто полувреме, откако тетовци се спасија во првото полувреме кое им припадна на домашните.
Шкендија брзо поведе со голот на Нзенгуе уште во 3.минута…
Но, потоа доминација на Брегалница која не успеа да искористи најмалку три убави шанси, за да сепак израмни Стојкоски во 38.минута.
Во второто полувреме, Ѓорѓиевски погоди во 74.минута за конечни 1-2.
Брегалница во четвртата минута од судиското продолжение не реализираше и пенал кој извонредно го одбрани голманот на Шкендија, Гаје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
