Французите шпекулираат: Лазаров кандидат за тренер на Нант

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија и тренер на Алкалоид, Кирил Лазаров, би можел да седне на клупата на францускиот Нант.

Оваа вест е објавена на францускиот Инстаграм профил „Flash Hand“, кој пишува дека Лазаров е сериозен кандидат за клупата на тимот во кој ја заврши професионалната кариера.

 

 

Французите пишуваат дека Данило Анѓелковиќ беше во игра да биде нов тренер на Нант, но сега и името на Лазаров се споменува како можен тренер на францускиот тим.

Кирил Лазаров го носеше дресот на Нант пет години, од 2017 до 2022 година, и токму во францускиот тим ја заврши блескавата кариера.

Се вчитува...