Шок-терапијата беше успешна, МЗТ Скопје се врати на победнички патеки

Кошаркарите на МЗТ Скопје по шок-терапијата со смената на тренерот Атанасов, експресно се опоравија по поразот од Струмица и во денешното дерби со 84:70 го совладаа Пелистер во мечот од петтото коло во Суперлигата.

Шампионот одлучен да се врати на победничките патеки по двата порази минатата недела, од Струмица во Суперлигата и од АЕК Ларната во Еврокупот, одлично го започна натпреварот, поведе со 14:4 и првиот дел го доби со 22:13.

Битолчани возвратија на стартот од втората четвртина, со серија 0:8 дојдоа до 23:21, што претставуваше знак за будење на кошаркарите на МЗТ Скопје. „Металците“ пред крајот на вториот дел, со серија од 11:0 заминаа на одмор со двоцифрена предност (42:31).

Во второто полувреме, рутински ја одржуваа двоцифрената предност, не му дозволија на противникот резултатски да се врати во игра и на крајот славеа со 74:60.

Лука Стојановски со 18 поени беше најпрецизен кај МЗТ Скопје каде се истакнаа и Војдан Стојановски со 13 и Крајиниќ со 12 постигнати поени. Во редовите на Пелистер, Димитриев даде 12 поени, а по десет уфрлија Денинг, Кочовиќ и Златевски.

Се вчитува...