ВТОРА ЛИГА: Пелистер ја „детонираше“ Плачковица, Работнички лесно со Беласица (ВИДЕО)

Пелистер забележа убедлива победа против Детонит Плачковица во Битола во мечот од 10. коло во Втората македонска фудбалска лига.

„Пелистерци“ триумфираа со 6-1, со головите на Мирчевски, Пресилски, Христов, Ивановски, Стојанов и Тасев.

Работнички, пак, без поголеми проблеми триумфираше против Беласица со 3-1, а со истиот резултат Камјани го победи Тетекс.

Македонија ЃП и Осогово одиграа натпревар без голови.

Се вчитува...