Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ и неговиот Арис славеа во големото дерби во грчкиот шампионат над Панатинаикос со 101:91.
По пет кола, четирите екипи кои се очекува да се борат за трофејот се на првите четири места, ПАОК и Олимпијакос имаат пет триумфи, а Арис и Панатинаикос имаат учинок од четири победи и еден пораз.
Димитријевиќ беше еден од најдобрите на паркетот во салата „Никос Галис“ во Солун. Нено стандардно е дел од првата петорка, а на паркетот мина 24 минути за кои постигна 14 поени и имаше пет асистенции.
Погоди една тројка, петпати беше прецизен од линијата за слободни фрлања и мечот го заврши со 11 индексни поени.
Покрај Димитријевиќ, Морган даде 21 поен, Мокока 19, Толиопулос 14, а уште Робинсон-Ерл беше двоцифрен со 11 постигнати поени.
Кај Панатинаикос, најпрецизен беше Жерсон Јабуселе со 22 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
