Фудбалерите на Арсенал славеа на големото дерби во деветтото коло во Премиер лигата над Ливерпул со 1:0 и се осамостоија на врвот на табелата.
Ова беше прва победа за „топчиите“ на „Енфилд“ по пауза од дури 14 години. Тие сега се лидери на табелата со 24 освоени бодови, три повеќе од Манчестер сити кој вчера загуби од Брајтон и тоа пред своите гледачи. Ливерпул е петти со 15 освоени бодови во девет кола.
Интересно е што менаџерот на Арсенал, Микел Артета пред 14 години, кога „топчиите“ за последен пат славеа над Ливерпул како гости, беше во улога на играч.
Човек на одлука беше Флоријан Вирц, но за голот вина имаат играчите на Ливерпул кои очајно се обидоа да ја изнесат топката од својот шеснаесетник.
Голманот Алисон лошо ја исфрли топката до која дојдоа играчите на Арсенал, по што Деклан Рајс му асистираше на Вирц за голот вреден три бода. Голот на Вирг може да го видите ТУКА.
Потоа иницијативата ја презедоа „црвените“ имаа неколку шанси, но не успеаја да ја затресат мрежата на Раја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
