Кошаркарите на МКК Куманово со триумф од 91:74 против Кожув го затворија петтото коло во Суперлигата.
Со триумфот, Куманово се израмни со Кожув на табелата, и двете екипи по пет кола имаат по три победи и два порази и се наоѓаат на делба на третата позиција, веднаш зад Работнички и МЗТ Скопје.
Кумановчани одиграа фуриозна прва четвртина која ја добија со 31:15 и практично ги решија дилемите околу победникот. На пауза заминаа со плус 17 (51:34), а беа подобри и во третата четвртина (23:18). Откако се беше решено, гостите ја добија последната четвртина со 17:22 со што избегнаа уште поубедлив пораз.
Целата прва петорка на Куманово постигна двоцифрен број на поени, Гуден даде 21, Крстевски 19, Стајиќ 16, Стевановиќ 14, а Фундиќ имаше 12 поени и 12 скока.
Во редовите на Кожув се истакнаа Бојчев со 22, Бурис со 17 и Армстронг со 12 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
