Еден гол го реши „Суперкласико“ (ВИДЕО)

Најголемото дерби во аргентинскиот фудбал, популарното „Суперкласико“ помеѓу Бока јуниорс и Ривер плата му припадна на домашниот тим.

Во дуелот од 15 коло во аргентинската лига, Бока Јуниорс со минимални 1:0 беше подобра од големиот градски ривал.

Единствениот гол кој предизвика ерупција на „Ла Бомбоњера“ го постигна Лоренцо ди Лоло во 27-та минута кој беше на вистинското место по изведениот корнер на Виља. Голот на Ди Лоло може да го видите ТУКА.

Интересно е што дуелите во „Суперкласико“ не можат да поминат без црвени картони, овој пат судијата додели два и тоа на играчите на Ривер плата, на Лукас Мартинез Кварта во 10-та минута и на Гонзало Монтиел во 79-та минута.

Се вчитува...