Реал му најде засилување од НБА, тренерот не се јавил на видео повикот

Екипата на Реал Мадрид влезе во победнички ритам, нема пораз во АЦБ лигата, нанижа шест победи во Евролигата, но односите на релација тренер-управата не се најдобри.

Тоа го покажува потегот кој го направил тренерот Педро Мартинез по повредата на Габриел Дек.

Имено, откако се повреди Дек, управата на Реал Мадрид договорила засилување од НБА-лигата, бил договорен и видео повик со играчот кој ги прифатил условите, но тренерот Мартинез не се јавил бидејќи одлучил дека не му е потребен нов кошаркар.

Шпанските медиуми не откриваат за кој кошаркар станува збор, но немаат дилеми дека односите меѓу тренерот и управата се на ниско ниво.

Се вчитува...