Артета: Горд сум, поминаа 14 години од последната победа на „Енфилд“

Арсенал конечно по пауза од 14 години успеа да го победи Ливерпул на „Енфилд“, благодарение на голот на Каи Хаверц. Со триумфот, Арсенал му избега на Манчестер сити на лидерската позиција на табелата, има 24 бода, три повеќе од „граѓаните“.

Човек на одлука беше германскиот репрезентативец Каи Хаверц кој единствениот гол го постигна во 16-та минута.

Интересно е што менаџерот на Арсенал, Микел Артета, беше учесник и последната победа на „топчиите“ на „Енфилд“ пред 14 години, тогаш беше дел од тимот како играч.

„Горд сум, поминаа 14 години од последната победа тука, што е долг период. Сигурен сум дека денеска ги направивме горди сите што се дел од Арсенал. Не само поради победата, туку и поради начинот на кој дојдовме до неа, како и поради борбениот дух што го покажавме.

Се вчитува...