Ван Дајк е лут како рис: Има 50 камери и пак не видоа пенал (ВИДЕО)

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, беше лут како рис по поразот од Арсенал од 0:1 во големото дерби во Премиер лигата.

Тој смета дека Ливерпул е оштетен, односно судиите не досудија чист пенал за „црвените“.

Иако во неколку наврати играчите бараа пенал, најконкретна беше ситуацијата кога дефанзивецот на Арсенал, Јулијан Тимбер го повлече Александер Исак, но судијата Енди Медли и ВАР-собата останаа неми на оваа ситуација.

„Тоа беше чист пенал за нас, како не го примети ВАР? Па, постојат 50 камери… Сите видоа, на крајот не беше досуден пенал и честитки за Арсенал“, изјави Ван Дајк по натпреварот.

 

 

 

Се вчитува...