Столе ја „одбрани“ победата на Валенсија

Екипата на Валенсија ја оствари третата победа во Ла Лига откако на гости со минимални 1:0 славеше против Елче.

По 11 кола, Валенсија е претпоследна со девет освоени бодови, додека Елче и прв над опасната зона со само еден бод повеќе.

Голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски, стандардно беше на голот на Валенсија и ги одбрани сите три шута кои ги упатија играчите на Елче.

 

 

Голот за победа на Валенсија го постигна Умар Садик во 69-та минута.

Се вчитува...