Вардар и Комити заедно лудуваат по триумфот (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар деветтата победа во деветтиот меч во Суперлигата ја остварија против најголемиот ривал во македонскиот ракомет, Е. Пелистер.

Вардарци славеа со убедливи 31:23 и големиот триумф знаеја како да го прослават.

Веднаш по последниот свиреж на судиите, Вардарци, вообичаено застанаа пред трибините каде се наоѓаат нивните верни навивачи Комитите за заедно да се радуваат за големата победа.

 

 

Се вчитува...