Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, е убеден дека Мајкл Карик знае што е потребно за „црвените ѓаволи“ да ја свртат сезоната и да се вратат на победничките патеки.
Вчера Манчестер Јунајтед загуби од Челси со 2:0 во дербито во Премиер лигата, и иако многумина очекуваа Карик да добие отказ, управата не се одлучи да го стори тоа и најверојатно ќе му даде шанса да ја води екипата во дуелот со Рома во Лигата на шампионите кој ќе се игра в вторник.
„Кога разговарав со челниците на клубот го пофалив Карик и им реков: ако го изберете него, ќе го добиете вистинскиот човек. Верувам дека и тој би го сторил истото за мене. Карик има се што е потребно за да го врати Јунајтед на победничките патеки. Смета дека тој е вистинскиот избор, одлично го познава клубот и точно знае што се бара“, вели Солскјер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
