Кузмановски: На вакви натпревари мора да се игра со 16 ракометари…

Ракометарите на Е. Пелистер доживеаја пораз во првото сезонско големо дерби против Вардар од 31:23. Дербито беше решено кон средина на второто полувреме кога Вардар сурово ги казнуваше грешките на битолчани, посебно во играта на седум на шест, и дојде до предност од 25:17 по што рутински го приведе мечот до крајот.

Најсветла точка во таборот на Е. Пелистер беше капитенот Филип Кузмановски кој постигна девет гола. Кузмановски во натпреварот порача дека секогаш е тешко да се игра во СЦ „Јане Сандански“, но и дека мора сите 16 ракометари да имаат своевиден придонес.

„Доволно време се подготвувавме за овој меч и знаевме што не очекува, но тшко е да се игра во оваа сала. За да извадиш победа во ваква атмосфера, мора да си константен 60 минути. Мора да се игра со 16 играчи, сите да придонесат, за да се победи ваков тим. Кога се игра модерен ракомет во Европа, потребно е секој да придонесе за на крај да се радуваш. Првенството не е решено со еден меч, има уште многу да се игра Честитки до Вардар, беа подобри, но ние последниот збор не го кажавме. Сите знаеме како треба да се бориш за дресот и името Пелистер. Мора добро сите да размислиме кој колку придонесува и како треба да се бори за екипата. Некои тоа не го покажуваат. Одиме понатаму, ништо не е решено“, изјави Кузмановски.

Се вчитува...