Фудбалерите на Олимпик Марсеј по катастрофалниот старт во првите кола, почнаа да играат подобро и вечерва дојдоа до четвртата победа во низа, а петта во деветте досегашни кола во Лига 1.
Последна жртва на Олимпик Марсеј е Тулуз кој е совладан со 2:0.
Со новата победа, Марсеј скокна на шестата позиција на табелата со 15 освоени бодови, само пет помалку од лидерот ПСЖ, додека Тулуз остана на 10 бодови.
Се беше решено во првото полувреме, а победата беше најавена уште во првиот напад кога Амин Харит го отвори резултатот.
Во 25-та минута, Амин Гуири го постави конечниот резултат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
