Кими Антонели е најмладиот шампион во историјата на Формула 1

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели стана најмладиот шампион во историјата во Формула 1 откако на денешната трка за Големата награда на Мексико го освои третото место.

На Антонели, на денешната трка за да ја освои титулата, му беше потребно да заврши барем на деветтото место за да не зависи од пласманот на останатите возачи, но тој беше многу подобар, со сигурно возење во хаотичната трка во Мексико, на крајот го освои третото место.

 

 

Антонели со 20 години и 68 дена стана најмладиот возач во историјата на Формула 1, надминувајќи го Себастијан Фетел кој со Ред Бул во 2010 година стана шампион со 23 години и 134 дена.

Антонели е првиот Италијанец по пауза од дури 73 години и Алберто Аскари, кој е шампион во Формула 1.

На четири трки до крајот на сезоната, Антонели има 380 бодови, 131 бод повеќе од Луис Хамилтон од Ферари кој денешната трка ја заврши на втората позиција.

Победник на трката за Големата награда на Мексико која беше во 20-минутен прекин и во 46-от круг имаше рестарт, беше Макс Ферстапен.

Се вчитува...