Атлетик „газдува“ во Баскија (ВИДЕО)

Баскиското дерби кое се играше во рамки на 11-то коло во Ла Лига му припадна на Атлетик Билбао кој со 2:1 го совлада Реал Сосиедад.

Со триумфот, Атлетик направи исчекор на табелата, сега е седми со 15 освоени бодови, додека Реал Сосиедад остана на 19 бодови и на петтата позиција.

 

Athletic Club [1]-0 Real Sociedad – Inaki Williams 14′
by
u/xggq in
soccer

 

Сите три гола беа постигнати во првото полувреме, додека во вториот дел, судијата Ернандез делеше жолти картони и тоа на гостите (вкупно четири).

 

Athletic Club 1-[1] Real Sociedad – Luka Sucic 30′
by
u/xggq in
soccer

 

Ињаки Вилијамс на асистенција на неговиот брат Нико, во 14-та минута го отвори резултатот.

Реал Сосиедад израмни преку Сучиќ во 30-та минута, за во последните моменти од првото полувреме, Беренгер од пенал му донесе триумф на Атлетик.

Се вчитува...