„Старата дама“ со два еврогола од идентично место реши Наполи (ВИДЕО)

Во дерби дуелот во десеттото коло во Серија А, Јувентус со 2:0 го совлада Наполи и барем за малку го симна притисокот од себе.

„Старата дама“ по десет кола е седма на табелата со 17 освоени бодови, додека Наполи остана осми со три бода помалку од вечерашниот ривал.

Тренерите на двата тима, Лучано Спалети и Масимилијано Алегри се наоѓаат под голем притисок поради слабите резултати на почетокот од сезоната, а по победата стратегот на „старата дама“ може малку да здивне.

Интересно е што двата гола се постигнати со шутеви од речиси идентично место.

Резултатот го отвори Керим Алајбеговиќ кој во 70-та минута постигна вистински еврогол. репрезентативецот на БиХ, доби топка некаде на средина на теренот, повлече кон голот на Мерет и со фантастичен шут од 17-тина метри постигна прекрасен гол. Голот може да го видите ТУКА.

Конечниот резултат го постави Жереми Бога во 87-та минута со удар од речиси идентично место како голот на Алајбеговиќ.

Се вчитува...