ВИДЕО: Гол за „Пушкаш“ за 2026 година!

Аргентинскиот фудбалер Лукас Окампос ја истакна својата кандидатура за наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол во сезоната со вештината што ја изведе изминатава ноќ во мексиканската Апертура.

Во натпреварот на неговиот Монтереј против Тихуана, Окампос изведе спектакуларни „ножички“ и ги натера многу соиграчи, како и навивачите на стадионот, да се фатат за глава.

Поранешниот играч на Севилја, како и на Монако, Олимпик Марсеј, Џенова и Милан, прими центаршут од десната страна и погоди под гредата од голот на противникот со удар над главата од околу 14 метри.

Тој гол беше за 3-2 на семафорот, но натпреварот на крајот заврши без победник (3-3).

Сепак, потегот од 57. минута многу брзо ја обиколи планетата и со причина се смета за еден од најубавите во 2026 година.

Се вчитува...