Актуелниот одбојкарски шампион Штип УГД убедливо со 3-0 се радуваше против ОК Борец во дуелот кој требаше да биде дерби во групата А во Првата лига мажи.
Одбојкарите на Струмица исто така запишаа максимална победа над ОК Сушево додека Работнички со 3-1 го совлада КВ Универзитети од Тетово.
Во групата Б Македонија Џио и Скопје освоија бодови на гостински терен, додека Шкендија беше сигурна во градскиот дуел со КВ Лирија.
КОМПЛЕТНИТЕ РЕЗУЛТАТИ И ТАБЕЛА МОЖЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
