Фудбалерите на Милан го победија Интер со 3-1 во дербито на 10-то коло од Серија А.
Во извонреден натпревар на „црвено-црните“, сосема заслужена победа во големата дерби пресметка која беше најавена со два брзи гола уште во првите десет минути од мечот.
Пулишиќ уште во 4. минута стрелаше за 1-0, а Рабио во 10. минута веќе донесе 2-0.
Интер успеа да намали преку Бастони во 22.минута, но Мореира во 43. минута погоди за 3-1.
Во второто полувреме ВАР оправдано поништи претходно досуден пенал за „нераѕурите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
