Австралискиот тенисер Алексис Де Мињор успеа да го победи Александар Зверев со 2-1 во сетови, во полуфиналето на АТП турнирот во Виена.
Де Минор го победи Зверев по голема борба во меч кој траеше два часа и 33 минути со 4-6, 6-1, (4)6-7.
Во првиот сет, Австралијанецот доби брејк во петтиот гем и ја задржа предноста до самиот крај и рутински го приведе сетот до крај – 6-4.
Потоа следеше брз одговор од Зверев, кој го доби второт сет со 6-1.
Во третиот одлучувачки сет немаше брејкови до самиот крај, па затоа тај-брејкот беше одлучувачки фактор. Де Мињор водеше со 3-0, потоа стигна до четири меч топки (6-2), не ги искористи првите две, но ја искористи третата за 7-4 во тај-брејкот и 7-6 во третиот сет.
Во финалето ќе игра против Шпанецот Карлос Алкараз, кој беше подобар од Данил Медведев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
