Министерството за внатрешни работи го потврди инцидентот кој вечерва се случи во близина на спортската сала „Јане Сандански“ во скопски Аеродром, информирајќи притоа дека едно лице е повредено и пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“, а едно приведено од страна на полицијата.
Според МВР, помала група членови на навивачката група на МЗТ Скопје – „Фемили“ нападнала навивачи на кошаркарскиот клуб Работнички кои во ред чекале да влезат на спортски натпревар меѓу екипите на Скопје и Работнички од домашната Суперлига.
Како што објавува Скопје1, а според информации од МВР, повеќе членови на навивачката група „Фемили“ се движеле од улицата „Васко Карангелески“ кон спортската сала „Јане Сандански“, каде што претходно биле собрани околу 50 навивачи на КК „Работнички“. Дел од нив, само помала група од „Фемили“ потоа се одлучиле со запалени пиротехнички средства да се доближат до навивачите на Работнички и физички ги нападнала.
„Едно лице е приведено, а едно лице се здобило со повреди и истото со возило на Итна медицинска помош е пренесено во ГОБ ‘Св. Наум Охридски’ за укажување лекарска помош“, информираат од МВР за „Скопје1“.
ВИДЕО: 360 Степени
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
