ХОРОР СЦЕНИ КАЈ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“: Крвава пресметка меѓу „Фемили“ и „Сити Парк Бојс“ со тешко повредени!

Крајно неочекувана крвава пресметка меѓу најжестокитее навививачи на МЗТ Скопје и Работнички вечерва во близина на спортскиот центар „Јане Сандански“ во Аеродром.

Иако двата клуба не се соочуваат денеска, според информациите од страна на двете навивачки групи, наводно навивачите на МЗТ – „Фемили“ пресретнале навивачи на КК Работнички кои доаѓале кон „Јане Сандански“ да го бодрат својот тим на првенствениот натпревар против Скопје.

Па, настанала жестока физичка пресметка, при што, неофицијално, има и тешко повредени кои завршиле во Ургентниот центар во Скопје.

Набрзо пристигнале и повеќе полициски службеници кои спречиле и инцидент од далеку поголеми размери.

Во моментов е засилено полициското обезбедување околу спортскиот центар „Јане Сандански“.

ВИДЕО: 360 Степени

Се вчитува...