Сите билети за утрешниот ракометен дерби натпревар меѓу Вардар и Е. Пелистер се распродадени!
И дефинитивно утре во салата „Јане Сандански“ во Скопје ќе биде ракометен спектакл!
„Да уживаме во одличната игра на терен и во прекрасната атмосфера на трибините. Да уживаме во уште едно македонско дерби! Поради заедничката кореографија низ цела сала, апелираме сите кои ќе присуствуваат на натпреварот да дојдат 15 минути порано на своите места и да не креваат ништо што е поставено на столчињата, без претходно да добијат знак од лицата за координација! Црвено-црната нека доминира!“ – информираат од таборот на „вардарци“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
