Југо Тренчовски го доби големото дерби на Словенија против Марибор (ВИДЕО)

Олимпија Љубљана веќе силно „гризе“ кон врвот во елитната словенечка лига под водство на македонскиот стратег Југослав Тренчовски.

По лошиот старт на сезоната, сега Олимпија Љубљана е само на три бода од водечкиот Копер, откако во големата дерби пресметка на Словенија, тимот на Тренчовски славеше на гостувањето против Марибор со 0-1.

Херој во победата на Олимпија беше Туци со голот во 56. минута од натпреварот, доволен за големи три бода на тимот од Љубљана.

Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски во игра влезе во 69. минута од средбата, во моментите кога се чуваше до крајот значајната победа.

Се вчитува...