Поранешниот напаѓач на Баерн Минхен и на Барселона, Роберт Левандовски, кој сега игра во МЛС лигата одлучи да се пошегува со навивачите на Арсенал.
Полјакот гостувајќи во емисијата „It’s Just Soccer“, беше запрашан зошто никогаш не заиграл за Арсенал.
„Сакав да освојувам трофеи. Можеби немаше да чекате 22 години доколку дојдев во Арсенал“, му одговори Левандовски низ насмевка.
Арсенал беше заинтересиран за Левандовски во времето кога настапуваше за Борусија Дортмунд, но одличниот напаѓач одлучи да потпише за Баерн Минхен со кого освои осум титули во Бундеслигата, а во 2020-та година триумфира и во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
