Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, по раната елиминација на турнирот во Базел, има тешка задача доколку сака да биде дел од завршниот турнир на кој играат најдобрите осум тенисери во годината.
Досега пласман на завршниот АТП турнир во Торино обезбедија четворица тенисери, Александер Зверев, Карлос Алкарас, Данил Медведев и Бен Шелтон, а испразнети се уште четири места.
Еден од тенисерите кои се борат за виза за Торино е и Новак Ѓоковиќ, кој ќе има тешка задача за обезбеди пласман на завршниот турнир.
За да биде дел од завршниот турнир во Торино, Ѓоковиќ мора да обезбеди барем пласман во полуфиналето на Мастерсот во Париз, што ќе претставува тешка задача со оглед на тешката ждрепка.
Новак на стартот од Мастерсот во Париз ќе игра против Валентин Вашеро, а во второто коло најверојатно ќе игра против Дардери.
Во третото коло ако се пласира би можел да игра против Де Минор или Рубљов, а во четвртиналето би го чекал Алексендер Зверев.
Завршниот АТП турнир ќе се игра од 15 до 22 ноември во Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
