Дерби дела Мадонина: Битка за Милано

Во денот на големи дерби пресметки, една од најголемите е популарното „Дерби дела Мадонина“, дуелот меѓу градските ривали, Интер и Милан.

Увертирата за дербито е направена завчера кога двата тима имаа заедничка промоција за изградба на новиот стадион „Џенерали“ кој треба да биде готов во 2031 година.

Дербито ќе се игра на стадионот кој има две имиња, по едно за двата тима. За Интер тоа е „Џузепе Меаца“, а за Милан и неговите навивачи тоа е „Сан Сиро“.

Во натпреварот, Интер влегува како актуелен шампион и лидер на табелата во Серија А заедно со Лацио, додека Милан има седум бода помалку од „нераѕурите“.

„Росонерите“ досега играа во стилот „топло-ладно“, имаат два порази во Лигата на Европа, а првиот во Серија А го доживеаја во деветто коло кога загубија од Болоња со 2:4 и тоа на „Сан Сиро“, додека Интер реди победи.

Но, тоа што му оди во полза на Милан е традицијата бидејќи од Интер нема пораз во последните седум меча во сите натпреварувања. Последната победа, Интер ја забележа на 22 април 2024 година кога и математички ја обезбеди титулата во Серија А.

Ова ќе биде 247 натпревар помеѓу Милан и Интер, „нераѕурите“ имаат мала предност – 91 победа, наспротив 84-те на „росонерите“, а 71 дуел завршил без победник.

„Ова е посебен натпревар, знам се за овој дуел иако досега никогаш не сум бил актер во него. Ривалството е големо, но има и некаква поврзаност бидејќи никаде на светот два вака големи клубови да играат на ист стадион. Многу работи не ми се допаднаа во поразот од Болоња, но добра работа е што за вакви натпревари не треба да се работи на ментален план бидејќи дерби дуелите се посебна мотивација“, вели тренерот на Милан, Рубен Аморим.

Минатото лето, на клупата на Интер седна Кристијан Киву и успеа да триумфира во Серија А и Купот на Италија, со што ги подигна очекувањата за оваа сезона. Сезонава Интер тргна одлично, има осум победи и едно реми во деветте кола во Серија А, но победата над градскиот ривал е посебна мотивација.

„Мораме да имаме баланс и мотивација на секој натпревар во секоја минута. Серијата без победа против Милан е посебна мотивација за сите во Интер. Не чека тежок натпревар“, вели Киву.

Се вчитува...