Тенисот оди во погрешна насока

Новиот светски тениски рекет број еден, Александер Зверев, смета дека тенисот оди во погрешна насока кога станува збор за бројот на турнири во една година.

Зверев смета дека има премногу турнири во една сезона, а со додавањето на натпреварување како Јунајтед купот и поместувањето на Дејвис Купот на крајот од сезоната (декември), тенисерите нема да имаат ниту десет дена за одмор.

Германецот бара да се скрати сезоната за барем две до три недели за играчите да го добијат потребниот одмор, да се рехабилитираат и да почнат подготовки за новата сезона.

„Тенисот оди во погрешна насока, тоа го зборувам барем десет години и ништо не се менува иако сметам дека се повеќе тенисери размислуваат како мене и повеќе не го кријат незадоволството. Решението е едноставно, сезоната мора да се скрати за 2-3 недели и да ни се даде повеќе време за одмор. Јас сакам да тренирам, но ако годинава играм во Дејвис Купот, тоа ќе значи дека сезоната ќе ми трае до декември. Потоа, ако играм на Јунајтед купот, тогаш следната сезона ќе ми започне пред крајот на декември. Затоа нема да играм“, вели Зверев.

Се вчитува...