Флик отвори профил на Инстаграм и веднаш стана хит

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, отвори официјален профил на Инстаграм и веднаш стана хит на оваа социјална мрежа. За помалку од 24 часа доби милион следбеници, а сега бројката е повеќе од 1.3 милион следбенициа.

Интересно е што Флик следи само 27 профили, тоа се официјалниот профил на Барселона, како и профилите на 26-те играчи на каталонскиот тим.

Германецот засега објави само една фотографија која доби повеќе од 1.3 милиони „лајкови“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hansi Flick (@hansiflick)

„Поздрав, навивачи на Барселона. Многу сум среќен што со вас ќе можам да споделам некои моменти од секојдневниот живот во Барселона. Ви благодарам на поддршката. Да живее Барселона“, напиша Флик во својата прва објава на Инстаграм.

Покрај објави и две сторија, во првото изрази задоволство што ќе биде присутен на Инстаграм, а во второто им го посвети на жртвите од трагичната железничка несреќа која се случи во Толедо.

Се вчитува...