Центарот на Оклахома сити тандерс, Чет Холмгрен, ќе биде надвор од терените помеѓу осум и десет недели поради повреда на тетивата на коленото, објави НБА-тимот.
„По консултации со неколку специјалисти, одлучено е Холмгрен да замине на операција за да се санира малото напукнување на пателарната тетива. Операцијата беше успешна и се очекува Холмгрен целосно да се опорави и да се врати на терените за осум до десет недели“, стои во соопштението на Оклахома сити.
Ова е втора повреда на играч од првата петорка на Оклахома сити од стартот на сезоната, претходно се повреди Џејлен Вилијамс кој заработи скршеница на фибулата. Иако се уште не е официјално, но најверојатно сезоната за Вилијамс е завршена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
