Баерн е заинтересиран за капитенот на Арсенал

Капитенот на Арсенал, Мартин Едегор (27), наскоро би можел да ја замени Премиер лигата со Бундеслигата.

Германски „Скај спорт“, објави дека Едегор нема ништо против преселба во Баерн Минхен, со кого во минатото имаше контакти.

Договорот на Едегор со Арсенал трае до 2028 година, и веќе започнаа преговори за продолжување на соработката, но сè уште се далеку од договор. Доколку не најдат заеднички јазик, Арсенал идната година ќе го стави Едегор на трансфер листата.

„Скај спорт“ тврди дека застојот во преговорите сака да го искористи Баерн Минхен и идното лето да го обезбеди потписот со норвешкиот репрезентативец.

Мартин Едегор во Арсенал пристигна во 2021 година од Реал Мадрид, прво на позајмица, а потоа „топчиите“ за 35 милиони евра го откупи неговиот договор.

Се вчитува...