Валах е меѓу најдобрите голмани во групната фаза во ЛШ

Македонскиот ракометен шампион Вардар, ги заврши настапите во Лигата на шампионите со една победа и едно реми и четири порази, а најсветла точка беше голманот Милош Валах.

Полскиот интернационалец е четврти најдобар голман во ЛШ кога станува збор за процентот на одбранети удари.

Валах има 33 отсто успешно одбранети шутеви и се најде зад Серхио Ернандез, Емил Нилсен и Вујовиќ.

Тој во групната фаза имаше вкупно 53 одбрани и во оваа статистичка категорија е на осмото место.

Пред него се Ернандез од Барселона со 86 одбрани, Петерсен од Архус (75 одбрани), Симиќ од Мелсунген (74), Нилсен од Веспрем (73), Бонде од Нант (58),  голманот на Криенс, Пилиповиќ (58) и голманот на Висла, Вујовиќ (56).

Се вчитува...