Рајковиќ повеќе нема да брани за Србија

Голманот на саудискиот Ал-Итихад, Предраг Рајковиќ, одлучи да ја заврши репрезентативната кариера и повеќе нема да биде дел од селекцијата на Србија.

Засега ниту Рајковиќ, ниту фудбалската федерација на Србија , не ја потврдија официјално веста, „Спорт клуб“ објави дека голманот донел конечна одлука и повеќе нема да се јавува на повиците на селекторот Вељко Пауновиќ.

Рајковиќ во март бранеше само едно полувреме против Шпанија, а потоа со враќањето по повредата на Вања Милинковиќ-Савиќ, тој го загуби местото во националниот тим на Србија.

Предраг Рајковиќ за репрезентацијата на Србија настапи на 44 натпревари, а двапати беше и капитен.

Се вчитува...