Управата на Јувентус забрзано бара излез од резултатската криза на почетокот од сезоната и едно од решенијата е смена на тренерот Лучано Спалети.
По девет кола во Серија А, Јувентус има освоено 14 бодови, дури 11 помалку од лидерите Интер и Лацио, и доколку во утрешното дерби против Нaполи не ги освои трите бода, најверојатно Спалети ќе добие отказ.
Итлаијанските медиуми пишуваат дека нов фаворит за клупата на Јувентус е поранешниот тренер на Баерн Минхен и селектор на Германија, Јулијан Нагелсман.
„Јувентус веќе го контактирал Јулијан Нагелсман. Германецот е додаден на списокот како една од главните опции ако го заменат Спалети“, пишува торинскиот весник “Ла Стампа“.
Нагелсман си замина од клупата на Германија по бламажата на Светското првенство кое се одржа летово и во кое испадна во првата рунда од нокаут-фазата.
Претходно, Нагелсман го водеше Баерн Минхен со кого триумфира во Бундеслигата, како и Лајпциг и Хофенхајм.
Освен Германецот, како опција за наследник на Спалети се споменува уште еден поранешен селектор кој е без ангажман, Дидие Дешан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
