Поранешниот извршен директор на Милан, Адријано Галија, се наоѓа пред преземање на функцијата претседател на фудбалската федерација на Италија (ФИЦГ), откако здружението на фудбалери (АИЦ) и здружението на тренери (АИАЦ) ја поддржаа неговата кандидатура.
Негов противкандидат на изборите кои се закажани за 14 декември ќе биде Џовани Малаго, кои претходно важеше за фаворит, но во меѓувреме загуби дел од поддршката која ја имаше.
Малаго во јуни годинава победи на изборите за претседател на ФИГЦ откако освои 68.58 отсто од гласовите, но подоцна изборите беа поништени бидејќи беше утврдено дека Малаго немал право да се кандидира бидејќи не бил регистриран член на ФИГЦ, туку дојде од Италијанскиот олимписки комитет (КОНИ).
До изборите на 14 декември, токму Малаго ја извршува функцијата привремен претседател на ФИГЦ.
Иако важеше за голем фаворит да биде нов предводник на италијанскиот фудбал, коалицијата која го поддржуваше се распадна и дел од екипите од Серија А му ја откажаа поддршката.
Дополнителен удар за Малаго е одлуката на АИЦ и АИАЦ да го поддржат Галијани, кого го сметаат за идеален човек за претседателската функција во ФИГЦ.
Адријано Галијани од 1986 до 2017 година беше извршен директор на Милан кога сопственик на тимот беше Силвио Берлускони.
Откако Берлускони ги продаде „росонерите“, заедно со Галијани ја презедоа Монца.
Освен во Милан и Монца, Галијани извршуваше и други клучни функции во италијанскиот фудбал, од 2002 до 2006 година беше претседател на Лега Калчо, а од 2013 до 2017 година беше потпреседател на Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
