Оливие Жиру веќе најави дека следното лето ќе ја заврши блескавата кариера, но ветеранот продолжува да блеска и на 40-годишна возраст откако вечерва му ја донесе победата на својот Лил на дербито на колото против Ленс.
Натпреварот беше без погодоци се до самиот финиш кога една одбиена топка стигна до Жиру, а поранешниот голгетер на Арсенал и Милан потсети на најдобрите денови, шутирајќи од прва со лева од десетина метри, сместувајќи ја во мрежата на огромна радост на домашните фанови.
🇫🇷🔴🔵 AL RESCATE EL REFERENTE, EL VETERANO
OLIVIER GIROUD A SUS 40 AÑOS ANOTA EL GOL AGÓNICO PARA LA VICTORIA EN EL DERBY 👀
Lille 1-0 Lens | Ligue 1
https://t.co/Pk3pY2w6Jl
— Ligas Top del Fútbol (@LigasTopFutbol) October 30, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
