Виљареал е далеку од посакуваната форма сезонава, „жолтата подморница“ беше десеттопласирана во пресрет на ова коло, пласман што дополнително ќе го влоши по вечерашниот шоканентен пораз на домашен терен од Еспањол со 0-1.
Гостите се наоѓаа во катастрофална форма, пред неколку дена го сменија тренерот Гонзалез и на негово место го донесоа Сарабија, а новиот стратег не можеше да посака подобро деби од триумф на жешкиот терен на „Ел Мадригал“.
Клучен беше погодокот на Кабрера, кој одлино се снајде по еден центаршут од левата страна, биеше од прва и ја затресе мрежата на Виљареал, за прекин на „црната серија“ и големи три бода за Еспањол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
