Ти-Џеј Шортс и Валенсија го претрпеа третиот пораз сезонава во Евролигата откако вечерва по голема борба загубија од Барселона со 98-94. Портокаловите одиграа егал до самиот финиш, но во последните минути блесна Робинсон со неколку важни реализации за Барселона, а печат на победата по офанзивен скок по сопственото промашено слободно фрлање стави Бризуела.
Шортс го заврши натпреварот со 11 поени и 5 асистенции, Брукс беше прв стрелец на Валенсија со 26 поени, додека најефикасни во победничкиот тим во Барселона беа Робинсон со 22 и Пара со 19 поени.
Пораз претрпе и вториот македонски натурализизран репрезентативец, Мозес Рајт со Олимпија Милано загуби на гостувањето против актуелниот европски шампион Олимшијакос со резултат 84-78. Грчкиот гигант се мачеше да го скрши отпорот на незгодниот гигант, „црвено-белите“ повторно беа без неколку стандардни првотимци, но сепак најдоа начин да стигнат до победата.
Милер Мекинтаер го одигра својот најдобар меч за Олимпијакос со 24 поени, еден помалку постигна Везенков, додека Рајт на спротивната сстрана беше одличен во рекетот, реализирајќи 16 поени и 5 скокови.
Супердраматично беше во Болоња, каде Бешикташ се врти од мртвите и како гостин ја совладата екипата на Виртус со 101-103. Домаќините имаа 101-97 на 40 секунди до крајот, но Вокер погоди за 101-100, пред Морган на 0,2 секунди до крајот да ја погоди клучната тројка за триумф на турскиот евролигаш во Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
