„ПРЕСИНГ“ со ДРАГАН КАНАТЛАРОВСКИ: Нераскажани приказни за Македонија, Вардар, Пелистер…, за Холандија, но и за Андора! (ВИДЕО)

НОВА ЕПИЗОДА ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ НА ЕКИПА – „ПРЕСИНГ“ СО ДРАГАН КАНАТЛАРОВСКИ – ЧЛЕНОТ НА ЛЕГЕНДАРНАТА ШАМПИОНСКА ГЕНЕРАЦИЈА НА ВАРДАР, ЕДНО ОД НАЈГОЛЕМИТЕ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛСКИ ИМИЊА ВО ИСТОРИЈАТА, ПОРАНЕШЕН МАКЕДОНСКИ СЕЛЕКТОР!

Разговори за неговата блескава кариера почнувајќи од Пелистер, па преку Вардар  Црвена Звезда, до шпанска Ла Коруња. За годините кога се создаваше независната македонска репрезентација, за периодот на неговото селекторување – за Холандија, но и за Андора… За актуелните случувања во македонската фудбалска репрезентација!

============================================

Заследи го нашиот Јутјуб-канал за сите следни епизоди

=============================================

РАЗГОВОРИ ЗА…

  • „Мундијалот на пријателството“ во Улцињ како феноменен кој ги поврзува повторно најголемите спортски легенди од поранешните југословенски простори
  • За почетоците на фудбалската кариера во Пелистер и трансферот во Вардар, наложен од врвот на Комунистичката партија на Македонија!
  • За шампионската генерација на Вардар предводена од Панчев, а заедно со Јаневски, Савевски, Станојковиќ, Џипунов со кој стигнаа до шампионската титула во Југославија!
  • Трансферот во Црвена Звезда…. Зошто издржа само една година меѓу црвено-белите, заминувајќи токму во сезоната пред да станат европски и светски клупски шампиони!?
  • За настапите во шпанска Ла Коруња заедно со едно од најголемите фудбалски имиња на Пиринеити во историјата, Фран.
  • За формирањето на независната македонска репрезентација во деведесеттите години на минатиот век, мечот со Словенија во Крањ и првиот квалификациски циклус…
  • За периодот како селектор на Македонија… За големиот резултат со моќната Холандија во Скопје…
  • За поразот од Андора и шпекулациите дека мечот бил „наместен“….!?
  • За периодот како селектор на младата репрезентација, но и за актуелните состојби во македонската сениорска репрезентација…
  • За домашниот клупски фудбал и состојбата во која се наоѓаат неговите Пелистер и Вардар!


============================================

ГЛЕДАЈТЕ ГИ И ПРЕТХОДНИТЕ ЕПИЗОДИ НА „ПРЕСИНГ“…

Се вчитува...