Кошмар за европскиот првак: Најголемото засилување ќе паузира 6 месеци

Олимпијакос се соочува со огромен проблем откако најголемото летно засилување Жан Монтеро заработи тешка повреда на коленото поради која ќе мора да пропушти огромен дел од оваа сезона.

Извонредниот поентер се повреди пред десетина дена, не се прогнозите пресериозен проблем, па затоа шокот во таборот на европскиот шампион е огромен, откако деталните прегледи покажаа голем проблем за менискусот за кој е неопходен хируршки зафат.

Предвидената пауза изнесува најмалку шест месеци, камбекот на Монтеро се очекува пред крајот на сезонава, но Олимпијакос во меѓувреме ќе мора повторно да се активира на пазарот и да доведе нов бек.

Се вчитува...