Тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, се наоѓа под голем притисок поради слабите резултати на почетокот од сезоната, а сега доби дополнителен удар, пишуваат италијанските медиуми.
Освен управата и навивачите, незадоволни од Спалети се и дел од фудбалерите на Јувентус.
Весникот „Ла стампа“ пишува дека дел од играчите на „старата дама“ не се задоволни од методите на работа на Спалети, посебно им пречи начинот на кој тренерот ги води тренинзите. Според весникот, тие негодуваат бидејќи Спалети премногу време поминува разговарајќи со играчите за време на тренинзите.
Наводно, таквиот пристап на Спалети, доведува до чести прекини на вежбите и го намалува интензитетот на тренинзите.
Оваа инфомарција доаѓа во незгоден момент за тренерот, но и за екипата пред дуелот со Наполи кој е закажан за в недела од 20.45 часот.
Јувентус по девет кола во Серија А има само 14 освоени бодови и постигнато само 11 голови. На последните три натпревари, „старата дама“ доживеа два порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
