Англискиот репрезентативец, Трент Александер-Арнолд, идното лето би можел да го напушти Реал Мадрид,и да се врати во Премиер лигата, но не во Ливерпул.
Поранешниот фудбалер на Ливерпул минатото лето пристигна на „Сантиго Бернабеу“ како слободен играч, но не успеа да се наметне кај тренерите од минатата сезона, Чаби Алонсо и Алваро Арбелоа, како ниту кај Жозе Мурињо кој сезонава ги предводи „кралевите“.
Александер-Арнолд сезонава одигра само 345 минути за Реал во сите натпреварувања и во речиси сите натпревари влегуваше од клупата за резервни играчи.
Според “Фудбал инсајдер“, како можна дестинација се споменува Челси бидејќи во Ливерпул, не сметаат на негов кам-бек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
