Работнички и МКК Куманово ќе ја наполнат касата на КФМ

Дисциплинската комисија ги изрече казните за последното коло во кошаркарската Суперлига, и најлошо поминаа Работнички и Куманово.

Двата клуба добија казни поради случувањата на трибините на нивната меѓусебна пресметка, како и поради техничките грешки. Работнички ќе мора да плати 82.400 денари, додека МКК Куманово ќе 66.400 денари.

Работнички е казнет со 30.000 денари поради плукање на службени лица, и со дополнителни 30.000 денари за фрлање тврди предмети на теренот.

Играчот на Работнички поради двете технички грешки е казнет со 6.400 денари, а Фатјон Реџа за неспортското однесување ќе треба да плати 16.000 денари поради.

МКК Куманово е казнет со по 30.000 денари плукање на официјални лица и фрлање на предмети на теренот од страна на нивните навивачи.

Стефан Фундиќ е казнет со 3.200 денари за техничка грешка, а истата сума ќе ја плати и клубот поради техничката грешка која ја доби нивната клупа за време на натпреварот.

Се вчитува...